Почетна Убавина и здравјеЛагата во која сите веруваме

Лагата во која сите веруваме

од nenad
1 минути читај за

Знаете ли која е лагата во која сите веруваме? Која е фразата која често си ја повторуваме сами? Кои се оние зборови со кои се залажуваме себе и околните? Тоа е реченицата “Овој пат ќе биде поинаку”.

Овој пат нема да боли љубовта, овој пат сé ќе биде во ред, овој пат му простувам за последното, овој пат си одам засекогаш, овој пат ќе ме сака како што заслужувам …

Но овој пат никогаш не доаѓа. Секој пат остануваш разочарана, со скршено срце, со скршени соништа и надежи. Бидејќи секој пат работите се исти.

Во животот на секоја жена има по еден маж, за кој таа копнее и чиј лик е идеализиран, но суровата реалност покажува дека овој човек не заслужува ни капка од најжешките твои солзи.

Вистината е дека работите ќе станат различни, ако самата ти направи доволно напори и почнеш да живееш живот со твоите правила. Верувам дека она што го бараш, се бара и од тебе. Енергијата која се емитува, рефлектира врз останатите и како бумеранг се враќа повторно во твојот живот.