Почетна Убавина и здравјеНеверојатната приказна зад „Тајно моја“ на Проески – Убавина и здравје

Неверојатната приказна зад „Тајно моја“ на Проески – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Еден од најголемите хитови на Тоше Проески се родил по необичен пат, со повеќе верзии, одбиен текст и стих инспириран од Пелистер

Некои песни едноставно си го пронаоѓаат патот до публиката. Таква е и „Тајно моја“ – песната со која Тоше Проески остави уште еден незаборавен печат, а која и денес се слуша како да е создадена вчера. Но зад познатата мелодија се крие приказна полна со интересни пресврти.

Музиката е дело на Кире Костов, кој открил дека Тоше песната ја снимал во текот на цела ноќ. Направил неколку различни верзии, но кога дошло време да се избере најдобрата, изборот паднал на првата снимка. Токму таа, иако направена на почетокот од снимањето, го имала звукот што на крајот сите го препознале како вистинскиот.


Поврзани објави

А можело да биде поинаку и со стиховите. Првичната идеја била песната да биде посветена на кучето на Тоше, па Игор Џамбазов добил задача да напише текст. Џамбазов направил стихови кои Костов ги оценил како одлични, но тие не се вклопиле со музиката. Подоцна оваа ситуација станала и своевидна шега, па Џамбазов знаел да го нарече Костов човекот кој му одбил текст за песна.

А потоа останал стихот што отвори нова приказна – „Шушка молика“. Симболиката е поврзана со Пелистер, каде моликата е карактеристичен дел од природата, а Тоше во тој период учел во Битола. Огнен Неделковски, авторот на текстот, никогаш целосно не ја објаснил приказната зад песната. Можеби токму затоа „Тајно моја“ и понатаму остава простор секој да ја почувствува и толкува на свој начин.

printskrin youtube