Почетна МакедонијаКС ГРУПАЦИЈА СО ПОДДРШКА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА ЈЗУ УК за Пулмологија и Алергологија

КС ГРУПАЦИЈА СО ПОДДРШКА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА ЈЗУ УК за Пулмологија и Алергологија

од nenad
1 минути читај за

ЈЗУ УК за Пулмологија и Алергологија традиционално петта година по ред ги наградува своите вработени.Со анонимно гласање сите вработени на клиниката гласаа за 7 категории на избор .

Со ова клиниката покажува дека трудот ,несебичната посветеност кон професијата се вреднуваат од страна на своите колеги кои на транспарентен начин ја искажуваат својата почит кон најдобрите.

Во рамки на денешниот значаен настан, кој беше посветен на здравствените работници од Универзитетската Клиниката за пулмологија и алергологија, КС Групацијата уште еднаш ја потврди својата посветеност за поддршка кон здравството и на оние кои секојдневно вложуваат напори за спасување на животите на нашите сограѓани.

Овој настан ја нагласи важноста на мотивацијата и грижата за здравствените работници, кои играат клучна улога во нашиот општествен живот.

Овој ангажман ја одразува нивната визија и принципот: „Заедно правиме разлика, заедно креираме иднина.“ На настанот беше најавена новата поддршка за донација преку која КС Групацијата за Клиниките во Македонија, ќе обезбедат подобри услови за работа на медицинскиот персонал и да се персонал и да се надгради инфраструктурата која е неопходна за висококвалитетна здравствена нега. Поддршката ќе биде насочена кон опремување на клиниките и подобрување на условите за здравствените работници, со цел да се зголеми нивната мотивација и ефикасност во обезбедувањето најдобра грижа за пациентите.