Кристина Агилера се преполови откако почна да зема Оземпик
Последниве години многу познати личности почнаа да користат Оземпик за да се ослободат од вишокот килограми. И не се плашат од можните ризици и проблеми што можат да настанат како последица од овој лек. Еден од главните амбасадори на Оземпик е и Кристина Агилера.
Ѕвездата не само што успеала да се ослободи од десетици килограми, туку и се вратила на мерките по кои беше позната во 2000-тите. Но сега обожавателите и луѓето околу неа почнаа да се грижат за состојбата на пејачката. Нејзиниот партнер открил дека постојаниот глад на Агилера ја прави неподнослива.
Уметницата отсекогаш била позната по својата заоблена става. Но обожавателите забележале дека Оземпик предизвикал значајни промени на нејзината става. Нејзината нова објава на социјалните мрежи добила многу коментари за тоа дека градите ѝ се намалиле:
„Дефинитивно нешто не е во ред со неа“, „Каде ѝ исчезнале градите?“, „Сега изгледаат уште полошо“.
44-годишната пејачката сега има само 45 кг на висина од 157 см.
„Изгледа дека градите значително ѝ се намалиле поради тоа што ги намалила имплантите или комплетно ги отстранила, што веројатно го комбинирала со подигнување на градите“, објаснил доктор.
Поврзани објави
Друг експерт објаснил дека намалувањето на тежината не можело да не влијае врз телото на Кристина.
„Кај оние што имале пластична операција, самите импланти остануваат непроменети, но кожата и меките ткива што ги опкружуваат може да го изгубат својот волумен и да почнат да паѓаат“, рекол доктор Бил Кортесис.
Нејзините блиски забележале дека потрагата по младост на Кристина веќе станува опасна за неа. Пејачката од самиот почеток на кариерата била незадоволна од себе. Порано не ѝ се допаѓало тоа што била премногу слаба, а потоа почнала да се грижи поради ненадејното дебелеење. Анонимен извор изјавил дека време е да ѝ дозволи на природата да си го прави своето.
Да се потсетиме, проблемите со вишокот килограми на Агилера започнале во 2008 година кога родила син. Тогаш се истоштувала со разни диети. Во тој период не внесувала повеќе од 1.600 калории дневно. Во 2020 година пејачката престанала да држи диета и оттогаш почнала само да се храни здраво.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @xtina