Почетна ЕкономијаКривична против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови

Кривична против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови

од nenad
1 минути читај за

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против И. М.

(41) од село Буковиќ, општина Сарај, вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама по член  247 од Кривичниот законик.

 Како што информира МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција постапуваше по пријава од три оштетени лица и на 17.

05. 2024 лицето беше фатено во моментот на примање 12 500 евра, претходно криминалистички обработени, кои и биле давани за наводно посредување за добивање социјални станови од Б категорија.

Во врска со делото, извршен е претрес во службените простории кои ги користела пријавената, при што се пронајдени сомнителна документација поврзана со кривичното дело, документи за кои постои сомнение дека се фалсификувани, договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи.

Исто така, при претрес во нејзиниот дом во село Буковиќ, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени огнено оружје и муниција.

 Лицето е изведено пред судија на претходна постапка, кој определи мерки на претпазливост, одземање на патната исправа и забрана за напуштање на град Скопје.

 За случајот утрово, преку својот фејсбук профил, информираше и техничкиот министер Панче Тошковски. мч/мд/фото: МИА архива .

Извор: МИА