Почетна МакедонијаКривична пријава за затвореник: од затвор им се заканувал на неговите мајка и брат

Кривична пријава за затвореник: од затвор им се заканувал на неговите мајка и брат

од nenad
0 минути читај за




Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(29) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.01.2024 и на 21.01.2024, пријавениот, кој во моментот се наоѓа на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Штип, преку електронски пораки упатил закани кон неговата мајка и неговиот брат.