Вечерва на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, на семафорите на крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина, скопјанец беше пренесен во Ургентниот центар на комплексот клиники со повреди од тешка сообраќајна несреќа. Додека стоел на црвено светло во својот автомобил, зад него се појавило возило кое залетано со голема брзина го удрило и целосно го згмечило задниот дел, извртувајќи го за 360 степени. Очевидците за „Макфакс“ раскажаа дека возачот кој ја предизвикал несреќата возел со неверојатна брзина, можеби 200 километри на час, а на крајот удрил во куп песок, дијагонално од местото на несреќата. МВР ја обезбедува улицата и се чека увидна екипа.
Кривица против двајца кои се обвинети за злоупотреба на лични податоци.
82