Почетна Убавина и здравјеКој не смее да јаде смокви? Можат да бидат спас за стомакот, а еве колку калории содржат!

Кој не смее да јаде смокви? Можат да бидат спас за стомакот, а еве колку калории содржат!

од nenad
2 минути читај за

Ви откриваме кој не смее да јаде смокви и кои се сите нивни здравствени придобивки

Смоквите важат за едни од најздравите овошки, додека нутриционистите ги нарекуваат вистинска нутритивна бомба. Свежа смоква содржи околу 80 калории на 100 грама, додека сушената смоква има 300 калории на 100 грама поради многу поконцентрираниот шеќер по сушењето.

Што сѐ содржи една смоква?

Една помала смоква содржи околу 30 калории, 8 г јаглехидрати (6,5 грама природен шеќер), 1 грам влакна. Содржи и значајни количини на бакар, магнезиум, калиум, витамин Б6 и витамин К.

Смоквите традиционално се користат за олеснување на проблемите при констипација, а модерните истражувања ја потврдуваат нивната делотворност. Едно истражување со 150 испитаници открило дека консумацијата на 4 суви смокви дневно значајно ги ублажува симптомите како дуење, гасови и констипација. Друго истражување со 80 лица покажало дека редовното консумирање свежи сомкви во умерени количини во период од осум недели, значајно ја подобрило перисталтиката на цревата во споредба со контролната група.

Кој треба да внимава ако консумира смокви во поголеми количини?

Постојат такви категории на луѓе, а предупредувањата се однесуваат најмногу на следниве групи на консументи…

1. Можни алергии и орален алергиски синдром


Поврзани објави

Кај лицата алергични на бреза често доаѓа до реакција на свежи смокви поради протеинската сличност (присуство на инхалациски алерген хомолог Биз, ПР-10 тип). Истражување на 188 лица алергични на полен од бреза покажало дека дури 78 отсто од нив имале позитивен алерго-тест на свежи смокви, а само 10 отсто на суви. Имено, високотермичката обработка ја намалува количината на активни протеини. Лицата со поленска алергија може да страдаат од осип во устата, отоци, дури и од потешки симптоми по консумирање свежи смокви, додека сувите честопати се побезбедни.

2. Синдром на „фикус“

Овој синдром се однесува на преголемата чувствителност кај лицата кои биле изложени на собен фикус. Неговите алергени (како фицин, протеаза) можат да предизвикаат реакција на смокви, киви, папаја, банана и други билки од семејството Moraceae.

3. Интеракции со антиокоагуланти (лекови за разредување на крвта)

Витаминот К од смоквите може да влијае негативно врз ефектот на антикоагулантните терапии (на пример, на лекор варфарин). Поради тоа, лицата што примаат ваков третман треба да се консултираат со лекар пред да вклучат сомкви во својата редовна исхрана.

4. Прекумерна консумација и дигестивни проблеми

Претераното внесување свежи смокви може да предизвика дијареја или грчеви, особено ако се користат за медицински цели (на пример, за констипација) без контрола на внесените количини.