Почетна Убавина и здравјеКој е најдобриот град за ноќен живот во 2026 година ?

Кој е најдобриот град за ноќен живот во 2026 година ?

од nenad
1 минути читај за

Каде се излегува најдобро во светот? Одговорот годинава е Бангкок. Повеќе од 24.000 луѓе учествувале во истражувањето на „Тајм аут“, оценувајќи ги градовите според атмосферата, разновидноста, цените, безбедноста и можностите за дружење.

На врвот на листата се најде главниот град на Тајланд, каде што дури 73 проценти од локалните жители го оцениле ноќниот живот како добар или одличен. Истиот процент смета дека во Бангкок лесно може да се запознаат нови луѓе и да се почувствуваат како дел од заедницата. Експертите на „Тајм аут“ му доделиле дури 95 проценти позитивна оценка.

Бангкок, сепак, не се потпира само на големите клубови. Градот нуди огромен избор на барови на покриви, мали коктел-барови, улични локали и ресторани кои работат до доцна во ноќта. Богатата и разновидна сцена овозможува една вечер да започне со пијалак со поглед на градот, да продолжи во интимен локал, а да заврши со храна во раните утрински часови.

На второто место е Берлин. Германската престолнина добила особено високи оценки од локалното население, при што 78 проценти го оцениле ноќниот живот како добар или одличен. Покрај прочуените клубови и рејв-забави, жителите ги издвојуваат бројните опуштени барови и пабови.

Третата позиција му припадна на Њујорк. Метрополата е оценета како исклучително жива и разновидна, а 82 проценти од жителите се задоволни од ноќниот живот. Експертите му доделиле 95 проценти позитивна оценка. Главниот проблем се цените – само 40 проценти од жителите сметаат дека ноќното излегување во Њујорк е достапно.

Мелбурн е четврти, додека Сао Паоло го заокружува првите пет, особено благодарение на широката понуда и поприфатливите цени.

Топ 10 градови за ноќен живот во 2026 година:
Бангкок
Берлин
Њујорк
Мелбурн
Сао Паоло
Меделин
Јоханесбург
Брајтон
Пекинг
Амстердам