Почетна ЕкономијаКочани врие: Протестите ескалираат пред Обвинителството и Судот!

Кочани врие: Протестите ескалираат пред Обвинителството и Судот!

од nenad
1 минути читај за

Демонстрациите во Кочани денес продолжија пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани.

Жителите, вклучувајќи и голем број млади луѓе, истакнаа дека бараат правичност за своите најблиски кои настрадаа во пожарот и сторителите да ги добијат заслужените санкции.

Пред тоа, тие пред општинската зграда фрлаа со јајца и бараа да се појави градоначалникот.

Собирот започна во паркот, но потоа продолжи пред општинската зграда со скандирања „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“.

Во меѓувреме, група граѓани во Кочани го искршија кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот како на дискотеката „Пулс“ каде во пожар животот го загубија 59 лица.

Во несреќата во дискотеката во Кочани, според најновите службени податоци, загинаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.