Почетна Убавина и здравјеТрагедијата во дискотеката во Кочани се најде на листата на најфатални пожари што се случиле во Европа и светот

Трагедијата во дискотеката во Кочани се најде на листата на најфатални пожари што се случиле во Европа и светот

од nenad
2 минути читај за

Веб-сајтот APnews објави листа на најфаталните пожари што се случиле во ноќни клубови ширум светот

Пожарот во дискотеката во Кочани зад себе остави 59 жртви и повеќе од 150 повредени. Така, се најде на листата на најфатални пожари што се случиле во ноќни клубови низ Европа и светот. Еве кои други случаи се најдоа на листата на пожари со најмногу жртви, според веб-сајтот APnews

Април 2024: Пожар во ноќниот клуб Masquerade во Истанбул, Турција ги заробил вработените и работниците, додека местото било затворено поради реновирање. 29 луѓе загинале.

Октомври 2023: Пожар во ноќен клуб во југоисточниот шпански град Мурсија се проширил во два други клуба и одзел 13 животи.

Октомври 2015: Пожарот што избувнал за време на пиротехничкото шоу на рок-бенд во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт, Романија, усмртил 64 луѓе и повредил 190 лица.

Јануари 2013: Повеќе од 200 луѓе го изгубиле својот живот во пожарот што избувнал во ноќниот клуб Kiss во Санта Марија, Бразил. Според официјалната истрага, пената за звучна изолација на таванот била зафатена од оган и ослободила отровни гасови, кои брзо ги убиле оние што присуствувале на универзитетската забава.


Поврзани објави

Декември 2009: Повеќе од 152 лица загинале во пожар што избувнал во ноќниот клуб Lame Horse во Перм, Русија. Пожарот започнал кога пиротехничкото шоу го запалило пластичниот таван, кој бил декориран со гранки.

Декември 2008: 44 луѓе починале во преполниот ноќен клуб King of Dancers во Шенжен, Кина како последица на стампедо, откако шоу со прскалки го запалило таванот.

Декември 2004: Во Буенос Аирес, Аргентина, пожар усмртил 194 луѓе во преполниот клуб Cromagnon Republic, откако пламен го запалил таванот направен од лесно запалива пена. Сопственикот на клубот Омар Чабан бил осуден на 20 години затвор за предизвикување смртоносен пожар и за мито и корупција.

Ноември 1942: Најфаталниот пожар во историјата, што се случил во ноќен клуб, усмртил 492 луѓе во клубот Boston’s Cocoanut Grove. По овој пожар, се вовеле нови правила за поставување автоматски системи за гасење пожар и овозможување повеќе пристапни излези во случај на опасност.

Април 1940: Пожар го запалил декоративниот шпански мов што го обвивал таванот во клубот Rhythm Night Club во Мисисипи, САД, по што 209 лица го изгубиле животот. Прозорците биле забарикадирани со решетки за заштита од крадци.