Table of Contents
Јуни и јули 2025 година отвораат редок астролошки прозорец, особено за три знаци на кои ќе им се поклопат вистината, јасноста и емоционалната сила
Сатурн, Нептун и Венера ќе им помогнат на одредени хороскопски знаци да си го признаат тоа што веќе долго го чувствуваат: дека е крај и дека е време да се ослободат од токсичните односи.
Во тоа ќе им помогне Сатурн, кој ќе ги потсети дека исполнувањето на соништата е нивна одговорност, а не туѓа.
Тука се „меша“ и Нептун, кој ја трга маглата од романтичните илузии. Почнувате да гледате што е реално, а што само „пуста“ желба.
Проверете дали сте меѓу трите хороскопски знаци кои ова лето ќе им кажат НЕ на токсичните љубовни приказни:
РИБИ
Давате без ограничувања, љубите безусловно и простувате сè, но време е да размислите малку. Ова лето е вашиот пресврт. Ѕвездите ви го шепотат она што веќе потајно го знаете: вистинската љубов не омаловажува, туку преродува.
Ќе се освестите колку долго сте се приспособувале на туѓите потреби и сте ги заборавале своите. Јасноста ви се враќа, како и спознанието дека сте се оддалечиле од себеси и од вашето внатрешно „јас“. Оставањето ќе боли, но ќе почувствувате големо ослободување.
Негувајте ја својата интуиција. Поминувајте време во мир, пишувајте дневник и дозволете му на вашиот внатрешен глас повторно јасно да говори. Тоа ќе ве врати кон себеси.
БЛИЗНАЦИ
Поврзани објави
Познати сте по тоа што сте мајстор за комуникација и бескрајно љубопитни, но зад шармот и опуштената природа, во вашиот емотивен свет тивко се подготвува бура. Веројатно сте дале сè од себе: сте барале решение, сте ги преиспитувале своите одлуки, надевајќи се дека работите ќе се поправат.
Како што се одвива летото 2025, доаѓа момент на продорна јасност. Веќе не можете да ја негирате вистината што тивко испливува на површина: оваа врска, која некогаш ви била извор на радост, сега ве исцрпува.
Вашето срце го знае она што вашиот ум се обидува да го рационализира. И ви вели: време е да си го вратите својот простор, да продишете, да спознаете љубов што ќе ви дава енергија, а не што ќе ви ја одзема. Разговарајте со пријател кој може објективно да ви даде совет и да ви го понуди огледалото што ви треба за да ја прифатите својата вистина.
СКОРПИЈА
Скорпии, вие кога се давате себеси, давате сè: и телото и умот и душата. Но потоа, сосема логично, очекувате апсолутна лојалност, непоколеблива контрола и емоционална сигурност.
Моментално се чувствувате малку заробено: борбата за моќ, љубомората и емоционалната зависност повеќе ве изморуваат одошто ве исполнуваат.
Јуни и јули 2025 ви носат шокантно сознание: ова веќе не е љубов, ова е преживување. Ве чини мири.
Ова лето, универзумот ве предизвикува да се соочите со вашиот најдлабок страв: стравот од предавство. Но еве една тајна: пуштањето не е губење на моќта, туку радикален чин на ослободување. Нурнете во вашите стравови. Водете дневник. Размислувајте. Разговарајте со психотерапевт. Истражете ги начините што ќе ви помогнат да ги залечите старите рани. Вашата душа копнее по мир, а не по моќ. Дајте ѝ го тоа што ѝ е потребно.
ФОТО: Andre Furtado / Unsplash