Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има право да поднесе тужба против Министерството за образование, бидејќи недостигаат голем број учебници за повеќе одделенија во основното образование.
-Комисијата согласно закон има право да поведе пред суд тужба од јавен интерес против државните институции кои не ја отстраниле дискриминацијата, вели Весна Бендевска, претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Освен Комисијата право на тужба по различно основи имаат и родителите на учениците.
-Секој има право да побара заштита доколку се чуствува повреден во неговото уставно згарантирано право на еднаквост. Таква претставка може да поднесат до нашата Комисија и до Народниот правобранител и се разбира на највисоката судска инстанца, озјави Бендевска.
Министерството за образование и наука не ги обезбеди сите учебници за сите одделенија пред стартот на учебната година. Од можни 126, недостигаат 43 учебници, или дури 34 отсто од потребните учебници.Нема учебници за трето и шесто одделение, а за сите останати одделенија недостига по некој учебник. Обезбедени се учебиците само за прво и второ одделение.Конечната одлука за тоа дали ќе има тужба ќе биде соопштена деновиве.
Промената на учебниците е според новата концепција за основно образование во 2021 година. Лани исто така доцнеа дел од учебници и КСЗД констатираше дека има продолжена дискриминација врз учениците, со препорака да обезбеди учебници најдоцна до почетокот на оваа учебна година.