Почетна СценаМакедонците од Егејскиот дел на Македонија ќе одбележат 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција

Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе одбележат 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција

од nenad
1 минути читај за




По повод 8 Септември – Денот на независноста, 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) и организирање на Шестата средба на децата бегалци, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија Мирка Гинова од Штип, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Македон и Општина Штип денеска организираат настан во дворот на црквата Св.Константин и Елена во населба Балканска во Штип.
На средбата ќе присуствуваат гости од државава и од соседните земји Албанија, Грција и Бугарија. Програмата ќе почне со свечен дел и ќе продолжи со културно-забавна програма.