Стручњаците предупредуваат дека редовната замена на долната облека е важна за спречување на бактерии, иритации и инфекции
Редовната грижа за интимната хигиена не се однесува само на секојдневно перење, туку и на навремената замена на долната облека. Според медицински експерти, иако нема строго правило, се препорачува долната облека да се обновува на секои 6 до 12 месеци, особено ако се носи и пере често.
Причината за ова е што со тек на време ткаенината ја губи својата свежина и може да задржува бактерии и микрочестички, и покрај редовното перење. Тоа може да влијае на интимната микрофлора и да предизвика непријатности.
Лекарите предупредуваат дека носењето стара долна облека може да го зголеми ризикот од уринарни и габични инфекции, иритации и непријатен мирис. Особено е важно вниманието кај луѓе кои се поактивни или повеќе се потат.
Поврзани објави
Во пракса, гинеколозите советуваат почеста замена доколку долната облека се користи за спорт или интензивни активности, како и задолжително перење на високи температури за подобра хигиена.
Експертите заклучуваат дека редовното обновување на долната облека не е луксуз, туку важен дел од грижата за здравјето и превенцијата на инфекции.
printskrin youtube -ankit tv – dolna obleka