Почетна Убавина и здравјеКои се синовите на Памела Андерсон и Лиам Нисон? Не се знае кој од нив е позгоден!

Кои се синовите на Памела Андерсон и Лиам Нисон? Не се знае кој од нив е позгоден!

од nenad
2 минути читај за

Синовите на Памела Андерсон и Лиам Нисон се појавиле заедно со славните родители на премиерата на нивниот филм

Тој беше еден од најперспективните акциони актери во 1980-тите, додека таа важеше за легендарна секс-бомба. Двојката заедно со своите синови се појавила на црвениот килим на премиерата на филмот „Гол пиштол“, каде што главните улоги ги толкуваат Лиам и Памела.

Шпекулациите за врската настанале кога се забележала огромната хемија помеѓу нив, а анонимен извор близок на двојката потврдил дека се заедно.

Кои се децата на Памела Андерсон?

Ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“, Памела (58), има два сина: Дилан Џегер (27) и Брендон Томас (29), од бракот со поранешниот сопруг Томи Ли.

Постариот син на актерката, Брендон (29), на Инстаграм, каде што го следат повеќе од 449.000 луѓе, се претставува како „продуцент номиниран за Еми и инвеститор“.

Работел на бројни проекти со својата мајка, а се потпишува како продуцент на емисијата Pamela’s Cooking with Love, документарецот Pamela: A Love Story, серијата Pamela’s Garden of Eden, како и веројатно најпознатото негово дело, филмот The Last Showgirl, во режија на Џо Копола.

Од друга страна, нејзиниот помлад син Дилан (27), има изградено име како манекен и музичар.


Поврзани објави

Според менаџментот EWG, тој учествувал во ревија на брендот „Сен Лорен“ во 2016 и соработувал со брендови, како што се Akni Studios, Armani Exchange, Couch, Долче и Габана, Хуго Бос и True Religion.

Исто така, се има појавено во магазините GQ Russia и „Вог“.

Во 2024 година, Дилан ја запросил својата девојка, архитектката Пола Брус. Памела била пресреќна кога нејзиниот син се свршил.

И синовите на Лиам ги имаат направено првите чекори кон филмска кариера. Триесетгодишниот Михал глумел во филмови како Anchorman 2, Vox Lux, Cold Pursuit, Made in Italy и Somewhere Quiet.

И тој и неговиот брат отворено зборувале за предизвиците со кои се соочиле по загубата на мајка им Наташа, која починала на 45 години по несреќа на скијање во Квебек во 2009 година.

„Тоа беше толку ненадејно. Кога ќе се случи нешто такво, потполно неочекувано и како резултат на бизарен случај, тоа навистина ви го изместува умот, без разлика дали верувате во судбина или не“, изјавил тој за „Тајмс“ во 2021 година.

Во меѓувреме, покрај малите улоги во филмови и на телевизија, помладиот син на Лиам, Даниел (28) основал бренд за алкохолни пијалаци, заедно со претприемачот Адам Милман.

Но тоа не му е првиот бизнис: уште во 2017 година, додека одел на училиште, Даниел започнал сопствен бренд на еколошки прифатлива облека.