Сестрите на Бјанка Цензори исто така сакаат да се соблекуваат во јавност како неа
Бјанка Цензори ја шокира јавноста кога се појави на доделувањето „Греми“ потполно гола. Кога луѓето помислија дека не може да отиде подалеку, таа ги демантира и продефилира на црвениот килим како од мајка родена.
Многумина го обвинуваат Канје Вест за нејзиното соблекување во јавност, велејќи дека тој ѝ диктира како да се однесува, а дури и нејзиното семејство го дели истото мислење.
Меѓутоа, и нејзините сестри тргнале по нејзини стапки.
Имено, Бјанка има две сестри – Анџелина и Алисија. Додека Алисија е повлечена и се држи подалеку од медиумското внимание, Анџелина не бега од рефлекторите. Неодамна фотографите ја уловиле во Мелбурн како оди во вежбалница, облечена во спортска маичка и кратки хеланки. Нејзината потемнета кожа и вита става привлекле внимание, а нејзините фотографии набрзо осамнале на бројни портали.
Поврзани објави
Она што им е заедничко на Анџелина и Бјанка е нивната љубов кон провокативниот стил. И двете честопати одбираат смели модни изданија и не се придржуваат до општествените норми за облекување. Исто така, ни едната ни другата не сакаат да носат градник, што може да се забележи и на фотографиите што Анџелина редовно ги објавува на социјалните мрежи. Нејзините следбеници се навикнати на провокативните објави, а сега, по скандалот на сестра ѝ, интересот за нејзиниот профил дополнително пораснал.
Алисија Цензори – сестрата што ја одбегнува јавноста
За разлика од слободата во изразувањето на Анџелина и провокативноста на Бјанка, третата сестра Алисија е комплетно поинаква. Таа е најповлечената меѓу сестрите и ретко се појавува во јавност. Нејзиниот инстаграм-профил е затворен, а информациите за нејзиниот приватен живот се речиси непознати.
Сепак, нејзиниот опис открива дека е мајка на бебе по име Леандро и сопственичка на миленик по име Чарли. Што се однесува до нејзината кариера, се чини дека Алисија ја одбрала медицината, бидејќи во биографијата навела дека е регистрирана медицинска сестра.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм