Почетна ЕкономијаКовачевски: Штип и целиот македонски исток вечерва праќа порака, напредокот на земјата мора да продолжи

Ковачевски: Штип и целиот македонски исток вечерва праќа порака, напредокот на земјата мора да продолжи

од nenad
1 минути читај за

Во обраќањето пред присутните членови, граѓани и симпатизери на СДСМ, Ковачевски истакна дека граѓаните ја препознаваат европската политика на просперитет и затоа голема е и поддршката за партијата.

   

„Тоа што сте вечерва тука во вака голем број е порака од Штип и целиот македонски исток дека напредокот на земјата мора да продолжи, нема враќање назад, нема застанување. СДСМ е подготвен и одиме на двојна победа на претседателските и парламентарните избори.

СДСМ никогаш не се водела од партиските или лични интереси, ние се залагаме и носиме одлуки за општо добро на нашите граѓани, да им обезбедиме квалитетен живот на сите генерации, да обезбедиме економски просперитет на државата“ рече Ковачевски.