„На 8 мај има само една социјалдемократска опција и само една лева прогресивна опција, која се вика Социјалдемократски сојуз на Македонија“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митигот во Македонски Брод.Тој додаде дека денес се разјасниле сите дилеми и се заблагодари на ЗНАМ и Максим Димитриевски што јавна застанаа со ВМРО-ДПМНЕ давајќи поддршка за Гордана Сиљановска-Давкова.„На тој начин паднаа маските. Постојано говорев дека тој политички субјект е направен за лична корист и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Како НСДП и Демократска алтернатива“ рече Ковачевски.Претседателот на СДСМ додаде дека на крај тие и нивните поддржувачи ќе бидат отфрлени и заборавени, па ќе треба да се вратат во СДСМ која секогаш ќе биде стожерна, најсилна и најголема социјалдемократска партија во Македонија.
- Нема крај: Нов силен земјотрес ја погоди Турција!
- Ахмети се вознемирува што младите и способни кадри ни бегаат од државата
- (ВИДЕО) „Во црква сме да се покаеме, нема безгрешни“ – Владиката Марко гостин во „Стадион“
- Директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски на генерално собрание на СЕПКА во Белград