Почетна ТехнологијаКовачевски: Најлесно е да се гласа ПРОТИВ, само со глас ЗА може да одиме напред кон просперитет

Ковачевски: Најлесно е да се гласа ПРОТИВ, само со глас ЗА може да одиме напред кон просперитет

од nenad
1 минути читај за

Само доколку во среда, на 8-ми мај, гласаме ЗА, може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митинг во Кочани.Им порача на граѓаните дека најлесно е да се гласа против власта, но потенцираше дека овие избори се клучни за иднината на државата и нејзините евроинтеграции, и затоа дојдено е време кога треба да се гласа ЗА.

„Гласот ПРОТИВ за некого можеби значи „казна“, но верувајте, во исто време ги казнувате и сопствените деца. Гласањето ПРОТИВ како еден вид краткорочна казна со себе носи опасност да има долгорочни последици за државата.  И тоа не смееме да го заборавиме. Затоа, од тука, од Кочани, подаваме рака на сите прогресивни и демократски сили, на 8-ми мај заеднички да дадеме поддршка на идејата за европска Македонија“, рече Ковачевски.Тој истакна дека СДСМ е современа, прогресивна партија и единствена политичка сила која вистински може да ја однесе Македонија во Европската Унија и да изгради држава со европски стандарди и вредности.

„Мора да има конечна и одлучна борба против злоупотребите, неправдите и системската корупција од која не можеме да кренеме глава повеќе од 30 години. Од тоа нема да отстапиме. Ќе воведеме ред, еднаквост и правда за секој подеднакво, без разлика дали е премиер, министер, пратеник, директор или обичен граѓанин. Или ќе го направиме тоа или нема да нè биде.“

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните на 8-ми мај да гласаат ЗА претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и ЗА кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.