На една од наредните седници на Владата иницијативата ќе биде разгледана од Владата, веднаш потоа ќе биде испратена до Собранието и со тоа почнува процесот на уставни измени, вели во денешното гостување во емисијата “360” премиерот Димитар Ковачевски.
– Немаме веќе време за чекање, јас сметам дека пратениците нема да дозволат да се повтори грешката за неносење на одлуки. Сега е моментот кога има отворен прозорец за влез во ЕУ.
Дали слушавте дека опозицијата велеше дека никогаш нема да се дозволи промена на Уставот? На прес-конференцијата се кажа дека немаат против внес на Бугарите во Уставот. Дали кажаа дека сакаат да бидат дел од власта? Да, од СДСМ подготвеноста дојде од мене, дојде и од ДУИ.
Сега се разговара за модалитети, рокови и слично, вели Ковачевски.
.


