Почетна ПопуларноДвојното убиство во „Шиша бар“ е пресметка за позиционирање на нарко-пазарот, вели обвинителот Бубевски

Двојното убиство во „Шиша бар“ е пресметка за позиционирање на нарко-пазарот, вели обвинителот Бубевски

од nenad
1 минути читај за

“Во моментов не можам да кажам повеќе освен тоа дека се кристализира дека се работи за позиции на нарко-пазарот кој е очигледно многу важен за таквите структури”, изјави шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски во емисијата “360 степени” на ТВ Алсат.

Обвинителот истакна дека е клучно да се знаат конкретните сторители на кривичното дело за да се премине од фаза на предистрага во истрага.

Според Бубевски, случајот со двојното убиство во локалот “Шиша бар” во Стара скопска чаршија е пресметка за позиции на нарко-пазарот, но додека мотивите сè уште се истражуваат.

“Органите на откривање и органите на прогон работат на повеќе аспекти и повеќе размислувања – зошто е дојдено до тој настан од аспект на лицата кои се жртви, зошто некој би имал мотив овие лица да ги лиши од живот. Во овој момент не можам повеќе да кажам освен тоа дека се кристализира дека се работи за позиции на нарко-пазарот којочигледно е многу важен за таквите структури”, вели тој.

Бубевски истакна дека има индиции дека настанот е поврзан со претходни случаи, но криминалистите ќе треба да го испитаат со конкретни форензички доказни материјали.

Јетон Кривањева и Енес Исени беа убиени во локалот “Шиша бар” на 6 март, а едно лице беше повредено.

Извор и слика: 360 степени