16
Кина обезбеди сертификација за својот сопствен, амфибиски авион од големи димензии, АГ600, најголемиот хидроавион во светот, кој е посебно наменет за борба против огнени стихии.
Авионот доби одобрување од Администрацијата за цивилно воздухопловство на Кина (CAAC) во Пекинг, што го означува како “успешен развој и подготвен да биде пуштен на пазарот”, стои во објавата на интернет страницата на кинеската влада.
Конструирањето на AG600 претставува важен исчекор во капацитетите на Кина во областа на цивилната авионска индустрија, а особено за специјализираните воздухоплови. јт/Фото: Синхуа.