Почетна ЕкономијаКина: Внимателно и одговорно се однесуваме кон извозот на воени компоненти

Кина: Внимателно и одговорно се однесуваме кон извозот на воени компоненти

од nenad
1 минути читај за

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Кина отсегокаш внимателно и одговорно се однесувала кон извозот на воени копоненти.

– Низ историјата, Кина иницираше нормална трговска соработка со сите земји, вклучително и Русија, врз основа на еднаквост и заемна корист, се наведува во соопштението на кинеското МНР.

Соопштението уследи откако советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Владислав Власиук изјави дека во запленетото и пронајденото оружје на бојното поле биле пронајдени различни електронски делови.

– Трендот сега е да има помалку компоненти произведени на Запад, но повеќе, не е тешко да се погоди, компоненти од Кина, истакна Власиук. ми/

фото: МИА архива

Пекинг, 17 април 2023 (МИА)