Почетна Економија„Форд“ ќе укине 4.000 работни места во Европа

„Форд“ ќе укине 4.000 работни места во Европа

од nenad
1 минути читај за

– Компанијата „Форд моторс“ (Ford Motors) денеска соопшти дека ќе го намали бројот на вработени во ЕУ и Велика Британија за 4,000 до крајот на 2027 година.

Намалувањето на бројот на вработените, како што наведе компанијата е поради состојбата на економијата и притисокот од зголемената конкуренција, како и помалата продажбата на електрични возила од очекуваното.

„Форд моторс“ посочи и дека и Германија ќе се соочи со откази, но оти тоа ќе биде реализирано во консултација со претставниците на вработените.

Компанијата најави дека ќе го намали и работното време на работниците во фабриката во Келн, каде што ги произведува електричните возила Капри и Експлорер.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА