Почетна Убавина и здравјеСè излезе на виделина 2 месеца по хемотерапијата – Убавина и здравје

Сè излезе на виделина 2 месеца по хемотерапијата – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Кејт Мидлтон пред 10 месеци се соочи со опасна болест и борба за живот, а сега изгледа подобро од кога било претходно

Кејт Мидлтон се појавила во саботата на Фестивалот на сеќавањата во салата Ројал Алберт во Лондон и тоа во најубавото издание досега! Луѓето ги вртеле главите по неа, воодушевувајќи му се на нејзиниот дамски став. Многумина истакнале дека и покрај сето тоа што го преживеала во изминатите 10 месеци, изгледа барем цела деценија помладо.

Пред само неколку дена, нејзиниот сопруг принцот Вилијам открил дека Кејт се чувствува многу добро и дека сè повеќе им се посветува и на обврските, покрај грижата за децата. Од друга страна, и Роберт Џобсон, познатиот автор на „Вилијам и Кејт“ проговорил за состојбата на идната кралица.

„Колку што сфатив, Кетрин е многу добро. Повторно почна да вежба во вежбалница и да ги прави работите што ги сака“, посочил тој и додал:

„Постепено ќе им се враќа на работите што ѝ се важни, бидејќи не сака повторно да се разболи и сега има поинаква перспектива.“

На Фестивалот на сеќавањата заблескала во црн стајлинг од глава до пети што го надополнила со дискретен накит со посебно значење. Принцезата од Велс ги носела обетките со кои принцезата Дијана се појавила на својата венчавка во 1981 година во Лондон. Косата ѝ била совршено стилизирана, додека на лицето имала малку понагласена шминка.


Поврзани објави

Неколку пати за време на церемонијата, Кејт и Вилијам си разменувале погледи и шепоти, што е знак на нивната блискост и приврзаност. Судејќи по фотографиите, принцот Вилијам ја гледал со голема љубов.

А се чини и дека Кејт е многу поемотивна за разлика од порано. Тоа го покажал и фактот што не можела да ги задржи солзите кога почнала церемонијата…

„Блескавата насмевка што ја имаше кога пристигна, брзо се претвори во посвечен израз додека мирно стоеше во кралската ложа покрај својот сопруг Вилијам, кој длабоко се намурти како знак на силна емоција додека ја гледаше церемонијата. Додека стоеја и им ракоплескаа на ветераните од Втората светска војна, јасно беше дека Кејт се расплака. Веѓите ѝ беа кренати и имаше солзи в очите, а подоцна можевме да видиме како ги вовлекува усните навнатре, што е гест на силни, потиснати емоции“, открива експертката за говор на телото Џуди Џејмс.

Погледнете повеќе фотографии од принцезата ТУКА.

ФОТО: Принтскрин Јутјуб/ 7NEWS Australia, Инстаграм @princeandprincessofwales