74
– Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани им се заблагодари на САД и Египет што му помогнаа на Катар да посредува за договорот меѓу Израел и Хамас со кој се предвидува пауза во борбите во Газа.
Ал Тани изрази надеж дека договорот ќе воспостави „сеопфатен и одржлив договор“ кој „ќе стави крај на војната и крвопролевањето“.
Катарскиот премиер, исто така, рече дека се надева оти договорот „ќе доведе до сериозни разговори за сеопфатен и праведен мировен процес“. јт/Фото: ЕПА .
Извор: МИА