Јелена Карлеуша со своите деца ужива во градот на светлината, а за тоа задоволство искеширала огромна сума на пари…
Пејачката Јелена Карлеуша реши да ги изненади своите ќерки Атина и Ника со роденденско патување во Париз, каде ќе поминат неколку дена.
Поп-ѕвездата за ова кратко патување издвои речиси 20.000 евра, а нејзините миленички, продуцентот и таа престојуваа во еден од најлуксузните хотели во француската престолнина, каде ноќевање моментално е 1.850 евра по човек.
Станува збор за хотел кој го обожаваат сите светски ѕвезди во строгиот центар на Париз, а на своите гости меѓу другото им нуди и ресторан со две Мишелин ѕвезди, како и огромен спа центар од 900 квадратни метри. Секоја соба има прекрасна тераса со поглед на Париз, а се наоѓа на само 150 метри од познатиот плоштад Вандом и десет минути пешачење од Елисејските полиња.
Поврзани објави
Како што дознаваме, Јелена за две недели повторно ќе се врати во Париз, каде што ќе прошета по пистата на женската модна недела за пролет-лето 2025.
Фото: Инстаграм / принтскрин
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: