Врската меѓу Ноле и Јелена на пресвртница…Откако Јелена Ѓоковиќ, а порано Ристиќ ги завршила студиите во Милано, тоа ѝ дало малку повеќе можност на двојкатада се видат и да живеат заедно. Новак во тоа време веќе напредувал во тениската кариера, па заедно со Јелена донел одлука да се обидатда се преселат во Монако и таму да започнат заеднички живот. Сепак, таму ги пречекале нови пречки…Три години по почетокот на нашата врска, стигнавме до пресвртница. Решивме да живееме заедно. Но, беше тешко да се најде работа во Монако. Се’ е „затворено“, но случајно се вработив во нафтена компанија – раскажала Јелена за раните денови во Монако…Но, по извесно време, Ноле и Јелена сфатиле дека не се среќни бидејќи живееле заедно, но повторно немале можност да си посветат време еден на друг. Јелена буквално цел ден работела, додека Ноле поради турнирите постојано патувал.Затоа сфатиле дека мора повторно нешто да променат и токму тогаш дошле до идејата која им овозможила да создадат совршена симбиоза и конечно да го поминуваат толку посакуваното време заедно. Поврзани објавиРаботев таму една година и беше невозможна мисија за нашата врска. Новак во еден момент ми рече дека не можеме повеќе така. Додека студирав, точно знаев кога сум слободна и кога можам да му се посветам. На работа, деновите ги поминував во канцеларија и нашата врска беше ставена на тест. Затоа баравме друго решение – се сеќава Јелена овој период.А идејата која им ја спасила врската била Јелена да стане директорка на фондацијата Новак Ѓоковиќ, преку која ќе почне да организира голем број хуманитарни акции, но и да има можност постојано да биде со Ноле во неговите спортски кампањи.Останатото е историја. Денес се заедно и уживаат во успешните професии и во родителството – Ноле и јелена се среќни родители на малите Стефан и Тара.
Јелена и Новак признаа дека имаат големи проблеми – Убавина и здравје
87