Општвената одговорност и грижата за средината отсекогаш се примарна водечка мисла во работните активности на компанијата КАМ, поради што во соработка со „Пакомак“ беа инсталирани првите вендинг-машини во дел од КАМ маркетите во Охрид и во Струга, каде што секој граѓанин ќе може да се вклучи во одговорно селектирање на отпадот. Во машините ќе може да се остават пластични амбалажи и лименки, а секој одговорен граѓанин ќе „собира“ зелени поени кои носат голем број предности кои ќе можат да се искористат во малопродажната мрежа на КАМ и останати маркети.
Следејќи ја својата корпоративна општествено одговорна стратегија, КАМ инсталираше вендинг-машини во маркетите во четири градови: Крива Паланка, Струмица, Охрид и во Струга, а во следниот период оваа акција ќе ја имплементира во 15 КАМ-локации низ поголемите маркети во земјава.