Почетна Убавина и здравјеКамерон Дијаз го добила третото дете на 53 години, па кариерата ѝ паднала во втор план – Убавина и здравје

Камерон Дијаз го добила третото дете на 53 години, па кариерата ѝ паднала во втор план – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Камерон Дијаз денес не е само холивудска ѕвезда, таа е и мајка на три деца и се чини дека токму таа улога ѝ станала најважна

Години наназад беше една од најпрепознатливите дами во Холивуд. Камерон Дијаз ги полнеше киносалите, редеше големи филмски хитови и важеше за актерка која успеваше истовремено да биде и гламурозна и целосно своја. А потоа, речиси преку ноќ, одлучи да се повлече од сè што ја направи славна.

Тоа не беше крај на нејзината кариера, туку почеток на еден целосно поинаков живот.

Камерон Дијаз во 2015 година му кажа „да“ на музичарот Бенџи Мејден, член на бендот Good Charlotte. Нивната љубовна приказна се одвиваше далеку од типичниот холивудски спектакл, а сопружниците уште од самиот почеток беа исклучително заштитнички настроени кон својата приватност.

Сепак, најголемата промена се случи неколку години подоцна.

Кон крајот на 2019 година ја добија ќерката Радикс, а Камерон тогаш за првпат стана мајка. За жена која со децении беше под рефлекторите, мајчинството претставуваше нешто сосема поинакво – живот во кој камерите веќе не беа најважниот дел од секојдневието.

„Го сакам мајчинството. Тоа е најубавиот дел од мојот живот“, зборуваше Дијаз за својата нова улога.

А потоа семејството повторно се прошири.

Во март 2024 година, Камерон и Бенџи добија син, Кардинал, а веста ја објавија ненадејно, без фотографии од бебето и со објаснување дека сакаат да ја заштитат приватноста на своите деца, пренесува Vogue.


Поврзани објави

Сепак, најголемото изненадување пристигна годинава.

Камерон во мај 2026 година третпат стана мајка, на 53-годишна возраст. Бенџи објави дека добиле син на кој му го дале необичното име Наутас Мејден. Тој објасни дека значењето на името е поврзано со морнар, навигатор и човек кој тргнува на патување и не се плаши од непознатото, пренесува Good Morning America.

Веста повторно пристигна без голема најава. Немаше фотографии од бебето, ниту детално претставување пред јавноста. Само кратка порака од родителите дека се среќни, возбудени и благодарни и дека нивните деца се здрави и среќни. Камерон на објавата на својот сопруг одговори со емотикони со срца.

И токму во тоа можеби се крие најголемиот парадокс на нејзиниот живот.

Жената која некогаш целиот свет ја гледаше на големото платно, денес најважните моменти од својот живот речиси целосно ги крие од истиот тој свет.

Таа во меѓувреме се врати на глумата, но нејзиниот однос кон славата веќе не е ист. По години поминати во центарот на вниманието, денес очигледно ѝ е поважно да го зачува она што го смета за свој приватен свет – сопругот, децата и животот далеку од камерите.

Од филмски премиери, црвени теписи и насловни страници до семејниот дом, нејзиниот живот денес изгледа како приказна за жена која дури откако престанала да трча по Холивуд, го пронашла она што, според нејзините сопствени зборови, ѝ станало најдрагоцено.

Медиумите известуваа дека парот ги добил децата со помош на сурогат-мајка, но Камерон и Бенџи никогаш не коментирале на оваа тема.

ФОТО: ИНСТАГРАМ