Дали умот е способен да нѐ подготви за крајот? Дали душата знае пред телото? И што се обидуваат да ни кажат соништата кога се приближува смртта?
Тим истражувачи од колеџот Канисиус од Њујорк во 2014 спровеле опсежно истражување кое имало цел да ја испита природата и значењето на соништата што луѓето ги доживуваат деновите, неделите, па дури и месеците пред смртта. Испитувањето било спроведено на 66 пациенти, кои била на палијативно одделение, односно во фаза од животот кога лекувањето веќе не се базира на оздравување туку на олеснување на болката и обезбедување достоинствен крај.
Во период од 18 месеци, биле спроведени вкупно 453 интервјуа со учесниците. Резултатите биле не само статистички значајни, туку и длабоко потресни.
Дури 90 отсто од пациентите изјавиле дека почнале да имаат секојдневни визии – најчесто преку соништата. Тие соништа, како што ги опишале, речиси секогаш вклучувале средби со починати членови на семејството или со блиски личности кои некогаш во животот им дале утеха, сигурност и љубов. Тоа не биле обични слики во сон – испитаниците посочиле дека средбите се чинеле потполно реални, како навистина да разговараат со покојниците, го чувствувале нивниот допир, дури и мирис.
Интересно е што ваквите соништа најчесто се појавувале осум до единаесет недели пред смртта и како што се приближувала смртта – нивната зачестеност и интензитетот растеле. Последните три недели пред крајот на животот, речиси сите испитаници пријавиле дека соништата станувале сѐ почести, подлабоки и емотивно посилни.
Научниците дополнително ги поделиле овие искуства според фазите на сонот:
Поврзани објави
- 45% од пациентите пријавиле дека претскажувачките соништа ги доживувале за време на длабок сон.
- 16% во моментите на будење.
- додека кај 39% од нив соништата почнувале додека спиеле, но чувствата и сликите продолжувале и откако ќе се разбуделе.
Во заклучокот на истражувањето се наведува:
„Како што се приближува крајот, соништата во кои се појавуваат саканите покојници стануваат сѐ почести. Нивната улога не е само симболична – тие честопати го смируваат стравот од смртта, ја ублажуваат психичката болка и ѝ помагаат на личноста да го прифати тоа што е неизбежно. Понекогаш се појавуват и неколку часа пред смртта, во форма на тивка подготвка, како телото веќе да се разделува несвесно и емоционално.“
Најфасцинантно е тоа што 99 отсто од испитаниците навеле дека соништата биле толку живописни што не можеле да ги разликуваат од реалноста.
Ова истражување фрла светло на ретко проучуван, но универзално значаен феномен – последните соништа. Иако науката сѐ уште нема конечни одговори, јасно е дека во миговите кога животот згаснува, умот и душата наоѓаат свои начини да нѐ смират, да нѐ подготват и можеби уште еднаш да нѐ поврзат со оние што сме ги сакале.
ФОТО: Jr Korpa / Unsplash