Ако мислите дека бројот 111 ве следи, и често го забележувате, прифатете го тоа како позитивен знак. А еве зошто!
Овој број е знак дека сте поддржани од сили кои не можете да ги видите. Може да почувствувате олеснување, да славите и да се возбудите кога ќе го видите. Тоа е потврда дека сè е на место.
Бројот 111 е број на порамнување од највисок ред. Бројот 1, нумеролошки, се смета за „божји број“. Тоа е претстава на единственоста на сè што живее – дека сето тоа е едно и исто, и ја означува хармонијата на тој факт. Бројот 1 е „највисокиот“ број, енергетски, во нумерологијата. Кога се повторува ја засилува својата енергија. Ова ви кажува не само да се усогласите туку и дека веќе сте таму!
Поврзани објави
Доколку имате некоја желба, или постапите на одреден начин, помислите на нешто и во тој момент го здогледате овој број, бидете сигурни дека ја имате поддршката од универзумот. Тоа значи дека она што сте го посакале или помислиле е во процес на манифестирање.
Затоа верувајте во себе, мислете позитивно,бидете фокусирани на вашите цели и верувајте во знаците околу вас! А сѐ што ви следи ќе дојде како резултат на тоа.
Фото: Freepik.com