Почетна Убавина и здравје„Бракот не ги решава проблемите“ – Убавина и здравје

„Бракот не ги решава проблемите“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Популарниот глумец Сергеј Трифуновиќ синоќа ја пријавил сопругата Исидора Мијановиќ за семејно насилство.

Според извори на српски Курир, полицијата интервенирала синоќа откако актерот се скарал со сопругата Исидора.

Наводно таа се заканувала дека ќе искрши се во куќата, а за се било известено и Второто основно јавно обвинителство.

Инаку, Сергеј Трифуновиќ во мај годинава ѝ се заколна на вечна љубов на својата избраничка дури и пред Бога. Исидора е помлада од него 23 години, а неодамна направија и граѓанска венчавка во Белград.


Поврзани објави

Еден месец по црковната венчавка, Сергеј даде само една изјава и го откри советот на Горан Бреговиќ.

Вели: „Што, брак? Немој да го правиш тоа пред да наполниш 50 години, не е добро ниту за тебе, ниту за жена ти, ниту за твоето дете, не го прави тоа пред да наполниш 50 години“. Така, јас всушност го послушав Бреговиќ – рече Сергеј, а потоа го изнесе и шокантниот заклучок:

Бракот за многумина е затвор. Значи, бракот сам по себе не решава ниту еден ваш проблем доколку ги имате. Мора да се справите со проблемите и подобро е во брак да влезете без нив – изјави Сергеј

Да потсетиме, сопругата на актерот Сергеј Трифуновиќ, Исидора Мијановиќ моментално се наоѓа во имиграцискиот центар, пренесуваат српските медиуми.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/whistler_dick/