Почетна Убавина и здравје„Како повторно да сум во дваесеттите!“ – Убавина и здравје

„Како повторно да сум во дваесеттите!“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Актерката Јелисавета Орашанин со години е посветена на одржувањето на својата форма, а и по две породувања не се откажува од редовните тренинзи.

Неодамна таа сподели дел од својот интензивен кардио тренинг на лента за трчање, откривајќи им на следбениците како изгледа една од нејзините рутини.

Јелисавета го опиша тренингот чекор по чекор, а од нејзиниот план може да се види дека станува збор за комбинација од џогирање и кратки, но интензивни спринтови, при што темпото постојано се менува.

Првиот дел започнува со пет минути џогирање со брзина од 7 до 8, по што следуваат 45 секунди со брзина од 10,5 до 11 и 15 секунди со брзина од 7 до 7,5. Овој интервал го повторува четири пати.


Поврзани објави

Но, тука не застанува. Во продолжение следуваат уште четири серии од по 30 секунди со брзина од 11 до 11,5 и 30 секунди со брзина од 7 до 7,5.

За крај, Јелисавета додава уште пократки и побрзи интервали – 15 секунди со брзина од 12 до 12,5, проследени со 45 секунди со брзина од 7 до 7,5, повторени четири пати.

Очигледно, ваквиот начин на вежбање ѝ годи, бидејќи по тренингот актерката сподели дека се чувствува „како повторно да сум во дваесеттите“.

Со редовна физичка активност и дисциплина, Јелисавета уште еднаш покажа дека за неа тренингот не е само начин да остане во форма, туку и дел од секојдневието во кое ужива.