Table of Contents
ОВЕН
Работа: Ве очекува ден исполнет со комуникација и нови идеи. Можни се важни одлуки поврзани со финансии или со распределбата на обврските во тимот.
Љубов: Зафатените ќе мораат да пронајдат компромис со партнерите околу заедничките планови. Слободните може да запознаат личност во професионалното опкружување, но сè ќе зависи од вашата подготвеност да покажете емоции.
Здравје: Чувствителност во пределот на вратот и рамениците.
БИК
Работа: Ќе бидете под притисок на роковите, но доколку не подлегнете на импулсивни реакции, возможна е конкретна реализација на некој важен план.
Љубов: Можна напнатост во врските поради различни очекување. Слободните може да почувствуваат привлечност кон некој што се однесува непредвидливо, па затоа внимателно започнувајте нови познанства.
Здравје: Внимавајте на исхраната и дигестивниот систем.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Денес ќе ви треба дополнителен фокус за да се изборите со пречките што може ненадејно да ви се појават. Не донесувајте одлуки набрзина.
Љубов: Зафатените би требало да одбегнуваат да ги толкуваат зборовите на партнерот – не е сè насочено против вас. Слободните може да го обноват контактот со личност од минатото, но тоа не мора да значи дека ќе им донесе долгорочна сигурност.
Здравје: Ослободете се од напнатоста со физичка активност.
РАК
Работа: Можна дилема помеѓу два професионални правци. Личноста со која редовно соработувате денес може да ви биде извор на стрес.
Љубов: Партнерот може да ви го замери недостигот од внимание – малите знаци на нежност ќе бидат доволни за да го средите односот. Слободните имаат можност да започнат интересна преписка преку социјалните мрежи.
Здравје: Пад на имунитетот, внесувајте повеќе витамини.
ЛАВ
Работа: Ќе бидете во центарот на вниманието – вашите зборови ќе имаат тежина денес. Добар ден за настапи, разговори и донесување одлуки што долго сте ги одложувале.
Љубов: Зафатените треба да уживаат во поддршката на партнерот, но не дозволувајте да ве надвладее егото. Слободните може да привлечат некој харизматичен, бидете отворени за необични луѓе.
Здравје: Стабилно, но не се оптоварувајте.
ДЕВИЦА
Работа: Нема да ви годат ненадејните промени, но ако ги прифатите без отпор, може да ви донесат напредок. Фокусирајте се на деталите и не давајте ветувања што не можете да ги исполните.
Љубов: Зафатените може да се соочат со префрлања од страна на партнерот, но ќе успеете да ја смирите ситуацијата доколку покажете разбирање. Слободните може да се изненадат од чувствата кон личност што ја познаваат подолго време.
Здравје: Умор и напнатост, ви треба одмор.
Поврзани објави
ТЕРЕЗИЈА
Работа: Овој работен ден може да ви биде напорен, бидејќи ќе бидете растргнати помеѓу различни очекувања. Насочете се кон приоритетите и не расправајте се околу неважни работи и ситници.
Љубов: Во односите може да дојде до помало заладување. Слободните може да бидат неодлучни и можеби ќе пропуштите шанса за ново познанство поради претераното анализирање.
Здравје: Зголемена нервоза, најдете начин за релаксација.
СКОРПИЈА
Работа: Повеќе ќе бидете насочени кон долгорочните планови отколку кон секојдневните зачади. Ќе имате поддршка од страна на колегите, но внимавајте на недоразбирања поврзани со преземањето одговорности.
Љубов: Скорпиите што се во врска можеби ќе почувствуваат дека партнерот се дистанцира. Слободните ќе бидат изненадени од нечиј искрен пристап – оставете ги работите да се одвиваат полека.
Здравје: Обрнете внимание на циркулацијата и сонот.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Имате потреба за слобода, но денес ќе морате да следите правила и процедури. Ако го надминете тоа без бунтовни реакции, денот може да ви помине многу продуктивно.
Љубов: Во врската ви треба подобра координација на плановите. Слободните може да започнат флерт во некој јавен простор или за време на кратко патување.
Здравје: Можна главоболка од стрес.
ЈАРЕЦ
Работа: Денес може да ви се укаже шанса да решите некое важно прашање што сте го одложувале. Сепак, мора темелно да се подготвите претходно.
Љубов: Зафатените може да се чувствуваат оддалечено од партнерот. Слободните би можеле да се заинтересираат за личност која не е достапна – бидете реални.
Здравје: Блага исцрпеност, би ви годело повеќе сон.
ВОДОЛИЈА
Работа: Можни се ненадејни контакти што ќе ви донесат нови деловни идеи. Соработката со некој од странство може да биде корисна.
Љубов: Зафатените ќе мораат да одвојат повеќе време за разговор со партнерот. Слободните може да доживеат многу интересна средба, но сè може да остане површно ако не покажете интерес.
Здравје: Засилена чувствителност на дишните патишта.
РИБИ
Работа: Фокусот ќе ви биде на организацијата и завршувањето заостанати обврски. Ќе добиете помош од колега во вистинскиот момент.
Љубов: Во врската се отвораат шанси за засилена поврзаност, но само ако јасно кажете што сакате. Слободните ќе бидат инспирирани за нови контакти – не игнорирајте ги сигналите што ги добивате.
Здравје: Можна напнатост, ви треба физичка активност.