Водителката откри дека фотографирањето за „Плејбој“ предизвикало сериозна криза во нивната врска
Водителката Сузана Манчиќ откри детали од тежок период во својот приватен живот, кога нејзиниот сегашен сопруг не можел да ѝ прости поради фотографирањето за магазинот „Плејбој“. Иако понудата ја сфатила професионално, реакцијата од партнерот тогаш била бурна и болна.
Како што раскажа, нејзиниот сопруг Симеон Оцомокос, со кого и тогаш била во врска, јасно ѝ ставил до знаење дека е против таа одлука. Тој дури ѝ рекол дека, доколку се фотографира, нивната врска ќе заврши. Таа, пак, сметала дека има доволно животно и професионално искуство сама да донесе одлука.
Поврзани објави
Кога фотографиите се појавиле во јавноста, следел вистински молк. Таа откри дека со денови не ѝ се обраќал, иако биле на заеднички одмор со децата. Не сакал да разговара со неа, не спиел во ист кревет и ја игнорирал целосно, оставајќи впечаток дека не постои.
Сепак, водителката останала на својот став и верувала дека љубовта и почитта ќе надвладеат. Со време, како што вели, тој ја прифатил нејзината одлука како дел од шоу-бизнисот и нејзината професија, а кризата останала зад нив како лекција и доказ за силата на меѓусебното разбирање.
printskrin youtube – HYPE TV – mancic