Почетна Убавина и здравјеКако да му го зголемите интересот на првиот состанок? – Убавина и здравје

Како да му го зголемите интересот на првиот состанок? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

И жените и мажите си имаат свои тактики и правила за да предизвикаат поголем интерес и да остават позитивен впечаток.

еве неколку општи правила за првите состаноци кои ќе ви помогнат да ја постигнете целта:

Изгледајте неодоливо, а не како да сте се приготвувале за на свадба

Едноставна брановидна фризура и малку кармин и маскара ќе направат да изгледате фантастично и романтично, а нема да остават впечаток дека цел ден сте се приготвувале за вечерното излегување.

Оставете го да ве чека, но не предолго

Никогаш не пристигнувајте порано од договореното. Зголемете му го интересот со тоа што ќе го оставите да почека некоја минута, но ако доцните повеќе од 10 минути, тогаш ризикувате да оставите лош впечаток и да го изнервирате.

Поврзани објави

Бидете отворени за разговор, но зачувајте ја мистеријата

Покажете дека сте комуникативна личност, но кога станува збор за вас, бидете заштитнички настроени и зачувајте ги своите тајни. Мистеријата ги полудува мажите.

Имајте краток прв состанок

Колку и да ви е убаво заедно, завршете го првиот состанок порано. Искористете го времето што ќе го поминете заедно за да му го зголемите интересот максимално, по тој нема да може да дочека да дојде вашата втора средба.

Дозволете му тој да ја плати сметката на првиот состанок

Ако ве поканил да излезете и е заинтересиран за вас, тогаш сигурно е подготвен да ја плати сметката. Доколку премногу настојувате да се вклучите, може да го навредите.