Почетна Убавина и здравјеКакви му се намерите? Овие сигнали – Убавина и здравје

Какви му се намерите? Овие сигнали – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Наредниот пат кога сте во близина на оној што ви се допаѓа, слушајте го, но и регистрирајте ги сигналите што ви ги испраќа неговото тело. Од нив ќе научите многу за неговите чувства и намери кон вас.

Ви ја поправа косата или ве гали по раката

Превод: Ве тестира, сака да провери дали ви се допаѓа. Ако додека ви ја допира косата или раката му возвратите со пријатна насмевка, тој ќе знае дека има дозвола уште повеќе да ви се приближи. Доколку почувствува негативна реакција, ќе знае да се повлече.

Си го допира носот

Превод: Најверојатно лаже. Ако си го чешка носот или увото додека ви одговара на некое прашање или пак раскажува настан, најверојатно не ја кажува целата вистина. Бидете претпазливи. Експертите објаснуваат дека кога тој се обидува да излаже, започнува да се возбудува и во неговата глава надоаѓа повеќе крв, а тоа предизвикува чувство на чешање.

Седи со дланките на тилот и потпрен назад на столот

Превод: Покажува супериорност. Ова не е позитивен сигнал, бидејќи тој смета дека вреди повеќе од вас и не се ни обидува да го сокрие тоа. Ако забележите ваков знак уште на првиот состанок, бидете внимателни како ќе играте понатаму. Неговата желба за доминација може да биде константен проблем.

Ја оближува устата

Поврзани објави

Превод: Ве посакува. Експертите велат дека кога некој си ги оближува усните, всушност покажува дека пред него има нешто што го посакува. Тој нема да сака да ве испушти од раце, а од вас зависи дали ќе му одговорите со ист ентузијазам.

Се ниша напред-назад

Превод: Во исчекување е, т.е. чека ваш сигнал за да знае дали да продолжи со додворување или да се повлече. Доколку сакате да остане, продолжете да му се насмевнувате. Сепак, не го земајте овој знак здраво за готово ако консумирате алкохол. Многу луѓе започнуваат да се нишкаат откако ќе се напијат 2-3 чаши.

Си ја допира косата

Превод: Сака да стане што попривлечен за вас ИЛИ е нервозен. Ако си ја допира косата додека ја наведнува главата кон вас и ви се насмевнува, тогаш тоа е знак дека сака да изгледа колку што е можно подобро за да ви се допадне. Но, ако си ја допира косата додека му се приближувате за разговор или додека тој се упатува кон вас, тогаш тоа е знак дека не е самоуверен и се чувствува непријатно од својот изглед.

Си го допира образот

Превод: Ве слуша внимателно и/или го планира својот нареден потег. Ако си го допира образот додека му зборувате, тоа е знак дека е сконцентриран на вашите зборови. Но, во некои ситуации допирањето на образот е сигнал дека тој го планира својот нареден потег, кој најверојатно ќе биде физички допир. Експертите велат дека се допираме нежно кога сакаме да го допреме оној што е пред нас, но чувствуваме дека не можеме да го направиме тоа.

Стои со раширени нозе

Превод: Многу ве посакува. Раширените нозе се несвесен сигнал на мажите дека чувствуваат сексуална привлечност кон личноста што е пред нив.