Јелена Карлеуша ја дочека Новата година на градскиот плоштад во Крагуевац, каде што го собори рекордот во посети.
Таа околу 23 часот излезе на сцената и веднаш ја „запали“ публиката облечена во црвениот латекс-костим како секси Дедо Мраз.
Јелена ги воодушеви илјадниците присутни, а кога одекнаа првите ритмови на нејзината песна „Слатка мала“, толпата почна да вреска од воодушевување.
Иако наводно се потпишувале петиции против концертот на Јелена Карлеуша, а беше најавено и гаѓање со јајца, пејачката добила вистинско изненадување – публиката ја гаѓаше со кадифени играчки и цвеќиња.
Поврзани објави
Таа на својот инстаграм-профил сподели кадри на кои може да се види како собира кадифени играчки и рози кои обожавателите ѝ ги фрлаат од публиката.
Фото: Инстаграм