Почетна Убавина и здравјеИ никој веќе не го смета тоа за ненормално – Убавина и здравје

И никој веќе не го смета тоа за ненормално – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Папараците го уловиле актерот Ал Пачино на интимна вечера со новинарката Катарина која е 57 години помлада од него

Славниот холивудски актер Ал Пачино бил виден во друштво на 57 години помладата новинарка Катарина ди Терлици, со која бил на интимна вечера. Папараците забележале неколку интересни фотографии, поради што се зборува дека Катарина е новата девојка на Ал Пачино.

И додека светските медиуми со глорификација го пренесуваат фактот дека 85-годишниот актер „смувал“ 28-годишна девојка, која само што завршила факултет, се занемарува фактот дека тоа не е нешто што е нормално.

Актерот буквално е трипати постар од неа и би можел да ѝ биде дедо. За оние што ќе кажат дека само вечерале и дека можеби нема ништо меѓу нив, потсетуваме дека Ал Пачино пред две години доби син со 31-годишната девојка Нур Алфала. Пачино прво не сакал да го признае детето, но потоа, откако утврдиле дека бебето е негово со ДНК анализа, го признал, но од далеку.

Сега тие се разделени, а Пачино брка нови девојки.


Поврзани објави

Како и каде наоѓа толку млади девојки, сè уште не е познато, но вистината е дека актерот има и имал значително помлади партнерки, додека не е познато кога последен пат имал партнерка на слична возраст или барем 10 години помлада.

Во Холивуд со години постои трендот постари мажи да имаат повеќе од 20 години помлади партнерки. На пример, Бред Пит има 29 години помлада девојка, а има и уште такви примери. Холивуд му пристапува на овој тренд како да е нешто нормално, додека врската на Кијану Ривс (60) и Александра Грант (52) ја саботира ширејќи приказни за нејзиниот „остарен“ изглед, бела коса и брчки…

ФОТО: Инстаграм