Рочиштето за овој случај се очекува да продолжи утре во Кривичен суд, каде треба да биде присутен и Мемети.ТВ21: Дали се очекува утре да се појавите на суд бидејќи е побарана мерка за безбедност, односно одземање на патната исправа и постојано пријавување во судот?Мемети: Судот има можност и право да бара присуство и тоа без никаков проблем ќе биде овозможено.
ТВ21: Дали претходно имаше претрес кај вас дома и дали е пронајдено нешто?Мемети: Да, вистина е, но не е пронајдено ништо. Не е добро да зборувам повеќе!Првоосомничениот, судијата Наке Георгиев е приведен. Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на вчерашната седница ги информираше колегите за кривичната постапка покрената против Георгиев, за неговото суспендирање, преземените активности и соработката со надлежните институции во врска со случајот. Обвинителството се сомнева дека двајцата правосудни функционери ветиле поблаги мерки за Стојчев, обвинет во случајот познат како Чибук, за шверц на марихуана а за возврат да присвојат 10.000 евра.