„Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, Кавадарци, Тетово и Охрид, a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела (12-18.08.2024) со статус „оздравени“ се стекнале 151 лица. Во текот на минатата недела (12-18.08.2024), пријавено е едно починато лице асоцирани со КОВИД-19. Се работи за лице на возраст над 60 години, со коморбидитети, невакцинирано“, информираат во ИЈЗ.

Во однос на вакцинацијата, во извештајот не пишува многу, освен тоа дека се препорачува следење на основните мерки за превенција на КОВИД-19 и останати респираторни заразни заболувања.„Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход“, наведено е во соопштението на ИЈЗ.