Од таму посочуваат дека програмата „Спротивставување на корупцијата во јавната администрација преку транспарентност“ е наменета за 20 преставници на македонската влада. Самата програма ја финансира италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка преку Фондот на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) при Европската банка за обнова и развој.
Учесниците биле избрани во соработка со Кабинетот на вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и поминале специјализирана обука за теми од клучно значење за зајакнување на административните капацитети во борбата против корупцијата во јавниот сектор преку законодавни инструменти и процедури за транспарентност.Учесниците истражувале повеќе теми: јавните набавки, административната транспарентност, отчетноста и дигиталниот идентитет во административните процеси.
За време на обуката, покрај експертските предавања, учесниците се сретнале со претставници на италијански институции како што се Министерството за јавна администрација и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка, Канцеларијата на Јавното обвинителство при Судот на ревизори, Управата за антикорупција и Финансиската полиција.