Почетна ЕкономијаПретставници од Министерство за правда во посета на Уставниот суд во Турција 

Претставници од Министерство за правда во посета на Уставниот суд во Турција 

од nenad
1 минути читај за

Делегација на Министерство за правда на Република Северна Македонија го посети Уставниот суд во Анкара.

Како што соопшти Министерството за правда, за време на посетата биле разменети мислења и искуства за одредени правни прашања кои се од посебен интерес за два суда кои се однесуваат на разликите и сличностите од аспект на надлежностите и предизвиците со кои се соочуваат.

-На средбата се дискутираше и за новата Стратегија за развој на правосудството (2024-2028)  и Акцискиот план каде е предвидено зајакнување на улогата на Уставниот суд во остварување на начелото на владеење на правото и заштита на човековите слободи и права, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

За време на посетата, како што се наведува во соопштението, соговорниците констатирале дека сработката меѓу Уставните судови на Северна Македонија и Република Турција е од големо значење за заштита на човековите слободи и права.

Претставниците од Министерството за правда им се заблагодариле на турските домаќини, истакнувајќи дека пријателските односи, взаемната почит и соработката меѓу двата суда ќе продолжат и во наредниот период.

дма/аа/Фото: Министерство за правда .

Извор: МИА