Пејачката Драгана Мирковиќ позираше со синот Марко и ќерката Мануела, а фотографијата ја сподели преку социјалната мрежа Инстаграм.
Децата на Драгана Мирковиќ и Тонија Бијелиќ, Марко и Мануела, се најдоа во центарот на вниманието на јавноста по веста дека нивните родители се разведуваат, а секој нивни потег беше проследен во медиумите.
Тие избраа воопшто да не се експонираат, а пејачката сега ги воодушеви своите следбеници со нова „приказна“ на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, Драга објави фотографија со ќерката и синот. Позираа облечени во бело, со искрени насмевки на лицата, а фолк дивата истакна:
Најубавиот накит околу мојот врат се рацете на моите деца“.
Поврзани објави
Драгана не крие дека е многу горда на наследниците, кои за време на разводот избрале да бидат со неа.
Нивна одлука е да не се експонираат пред медиумите. Тоа е малку и изненадувачки, бидејќи обично децата во тинејџерските години сакаат да бидат видени, сакаат да бидат важни. Тоа, претпоставувам, е некаде природно. Сепак, тие не се такви. Од друга страна среќна сум што воошто не се скромни кога ми ја даваат целата поддршка во овие турболентни времиња. Прекрасни деца се, се гордеам со нив“ – изјавила Драгана во една прилика.
Фото: printskrin Youtube/24sata News и dragana_mirkovic/instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: