Почетна ЕкономијаИсплатата на правата од социјална и детска заштита е во тек

Исплатата на правата од социјална и детска заштита е во тек

од nenad
1 минути читај за

Министерството за труд и социјална политика објави дека денес започна реализацијата на исплатата на надоместоците од социјална, детска и граѓанска заштита за месец јули 2025 година.

“Корисниците на финансиски надоместоци кои имаат дебитна картичка ќе можат да подигнат пари од банкоматите на банките, да ги употребат средствата за плаќање без готовина во трговската мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денес, 6 август 2025 година”, соопштија од МТСП.

Во продолжение, од министерството напоменуваат дека со намера да се избегне гужва пред и во банките при реализацијата на исплатата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се изврши во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, според дефинираниот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа денес за оние чие презиме започнува со буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ и утре, 7 август, за корисниците со презиме на буквите М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

сст/вј/Фото МТСП.