Table of Contents
Консумирал седум грама кокаин одеднаш, картелот мислел дека препродавал дрога, а тој преживувал пекол
На почетокот од 2000-тите, Чарли Шин бил најплатениот актер на светот благодарение на улогата на Чарли Харпер во ТВ-серијата „Два и пол мажи“. По епизода добивал дури 1,8 милиони долари. Но неговиот подем нагло прекинал во 2011 година, кога поради скандалите, пороците и конфликтите со продуцентите бил отпуштен од серијата.
Исповед во емисијата „60 минути“
Во гостување во емисијата „60 минути“, каде што ги промовирал мемоарите „The Book of Sheen“ и документарецот на Нетфликс „aka Charlie Sheen“, актерот отворено зборувал за најмрачниот период од својот живот.
Признал дека консумирал огромни количества на наркотици:
„Мексикански картел одби да ми продаде кокаин, бидејќи мислеа дека сум дилер. Никогаш немаа видено некој да бара толку многу.“
Додал дека знаел да земе и по седум грама кокаин одеднаш што можело да го чини живот.
Поврзани објави
Конфликти и распад на кариерата
Шин признал дека во заднината на неговите јавни испади се криеле лични проблеми. За време на снимањето на серијата, поминал низ два развода и добил четири деца во период од само осум години.
Во јавноста најмногу одекна неговиот конфликт со продуцентот Чак Лори. Иако тогаш зборуваше дека жестоко го мрази и јавно го навредуваше, денес, како што вели, се во добри односи.
Тајни од приватниот живот
Во книгата открил и досега непознати детали од својот приватен живот. Пишувал за интимните односи со мажи, како и за тоа дека одредени партнери го уценувале со седумцифрени износи за да не издадат информации за нивната врска.
„Кога самиот одлучив да зборувам за тоа јавно, ја изгубија контролата над мене“, рекол Шин.
ФОТО: Инстаграм, Јутјуб