Бруклин Бекам и Никола Пелц уживаат во божиќните и новогодишните празници со нејзиното семејство откако тој ги блокира родителите и најблиските на инстаграм.
26-годишниот готвач сподели фотографии со 30-годишната актерка, нејзиниот татко Нилсон и нејзината мајка Клаудија покрај новогодишната елка во нивниот дом. Бруклин и Никола се облечени во исти пижами.
„Им посакуваме на сите среќен Божиќ и Среќна Нова година исполнета со многу љубов, мир и среќа“ – напиша Никола по што започнаа да се редат критики и коментари.
„На сите освен на твоите свекор и свекрва“, „Бруклин мајка ти и татко ти те сакаат многу“, „Бруклин имаш само една мајка“, „Единствената жена која некогаш безусловно ќе те сака е мајка ти“, „Зошто не му покажете љубов на семејството Бекам“ – се само дел од коментарите под објавата.
Објавите на парот следуваат по веста дека Бруклин ги блокираше на социјалните мрежи своите родители Дејвид и Викторија, како и брат му Круз.
Бруклин не беше присутен на многу фамилијарни собири во изминатите месеци, а не ги покани родителите на обновувањето на заветите со сопругата.