Безобразно краткaта ткаенина едвај успеа да ѝ ја сокрие интимната зона, истакнувајќи ѝ ги раскошните облини.На плус-сајз манекенката Ешли Греам не ѝ пречат критиките заради нејзината тежина – таа со години им испраќа јасна порака на жените да го сакаат своето тело, а со неодамнешното модно издание дополнително го потврди тоа.Ешли Греам на една забава во Лос Анџелес носеше многу популарен модел на фустан и чизми од Џими Чу вредни 6.000 долари. Провокативната и исклучително кратката облека максимално ги истакна нејзините облини.Фустанот едноставно не можеше да биде пократок за да се квалификува како облека. Минијатурната креација е предизвикувачка од сите агли, а Ешли се обиде да го пренесе тоа позирајќи како да е на вистинско модно снимање.
Има 91 килограм, другите ѝ го мерат секој грам, а таа гордо шета во кратко фустанче
88